Градежништвото растеше, кога економијата имаше пад

Bez autora
Oct 24 2010

Во градежниот сектор се чувствуваат знаци на подобрување, а најдобар показател за тоа е производството на цемент. Позитивниот став дека работите во оваа гранка се движат во добра насока ги даде премиерот Никола Груевски при вчерашната посета на Цементарницата ТИТАН-УСЈЕ по повод добивањето на признанието за општествена одговорност. Производството на цемент е еден од позначајните показатели за движењето на градежната индустрија. Таа покрива и е поврзана со 26 други индустрии во светот и од тој аспект можам да кажам дека кризата беше почувствувана и во овој дел, но во последните месеци се гледааат знаци на подобрување, работите се одвиваа во една релативно добра насока и охрабрувачки е тоа што има зголемување и дава надеж дека во следниот период ќе имаме подобрување на состојбите.

Градежништвото растеше, кога економијата имаше падВо градежниот сектор се чувствуваат знаци на подобрување, а најдобар показател за тоа е производството на цемент.

Позитивниот став дека работите во оваа гранка се движат во добра насока ги даде премиерот Никола Груевски при вчерашната посета на Цементарницата ТИТАН-УСЈЕ по повод добивањето на признанието за општествена одговорност.

- Производството на цемент е еден од позначајните показатели за движењето на градежната индустрија. Таа покрива и е поврзана со 26 други индустрии во светот и од тој аспект можам да кажам дека кризата беше почувствувана и во овој дел, но во последните месеци се гледааат знаци на подобрување, работите се одвиваа во една релативно добра насока и охрабрувачки е тоа што има зголемување и дава надеж дека во следниот период ќе имаме подобрување на состојбите - изјави Груевски

Според Груевски, 2009 година била најкризната година во последните 80 години, не само во Македонија, туку во светот.

- Градежништвото во однос на претходната година имаше раст од 9,2 отсто во време кога севкупната економија имаше пад од 0,6 проценти. Градежништвото растеше и тоа на некој начин овозможи да имаме мал пад во 2009 година. Информациите од раководстовото на УСЈЕ укажуваат дека во следниот период ќе има подобрување - рече Груевски.

По посетата премиерот Груевски одговараше на новинарски прашања при што потенцираше дека курсот на денарот треба и во иднина да остане како и досега главно фиксен, бидејќи оценува дека тоа дало добри резултати и е основно сидро на економската политика.

- Мислам дека не е време за промена на режимот на денарот. Ги анализираме мислењата на експертите за промена на курсот на денарот и целосно не ги отфрламе, но цениме дека во овој момент нема потреба од промена на режимот на девизниот курс на денарот - изјави премиерот Груевски.

Според Груевски, Владата успеала да ја поврати висината на девизните резерви што е гарант за стабилноста на валутата.

- Мерките дадоа големи резултати и полека земјата да се врати како пред почетокот на кризата со висок раст како во 2007 и 2008 година - изјави Груевски

На прашањето дали идната година може да се очекува зголемена кредитна активност, премиерот Груевски одговори дека сите показатели за идната година укажуваат дека е можно зголемување на кредитната активност.

- На тоа укажуваат и банките со намалувањето на каматите, исто така и параметрите што можат да се видат од Централаната банка одат во тој правец. Покрај тоа и мерките што се преземаат даваат надеж за поголема кредитна активност на банките во следната година - рече Груевски.

Тој исто така посочи на зголемената активност со бизнис-секторот бидејќи според него ова е моментот каде може да се направи многу за излегување од кризата.

- Започнавме проект што значи посета на голем број компании од страна на владини службеници кои ќе ги забележуваат проблемите со кои се соочуваат компаниите. Во првата фаза е посета на 150 компании која треба да заврши до крајот на октомври, потоа резултатите да се изработат и да се преземат мерки за кои се пожалиле стопанствениците - потенцира Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik